Турција: Продолжува потрагата по исчезнатите, 39 жртви во лавините

од Aleksandar Petrovski

Бројот на загинати во лавините, кои го погодија источниот дел на Турција, е зголемен на 39 луѓе, откако спасувачите пронајдоа денеска тело на уште едно лице.

Спасувачките екипи со помош на специјално обучено куче го пребаруваат теренот во провинцијата Ван, во потрага по исчезнати лица. Најмалку две лица се водат како исчезнати.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коча изјави дека 47 луѓе се уште се хоспитализирани, од кои шестмина се наоѓаат на интензивна нега, но никој не е во животна опасност.

Слични содржини