Уапсен поранешниот директор на грчкиот народен театар: Сексуално злоупотребувал деца

од Stefanija Kuzmanovska

Грчкиот театарски актер, режисер и поранешен директор на грчкиот народен театар, Димитрис Лигнадис е уапсен под обвинение за сексуално злоставување на повеќе деца.

Лигнадис е обвинет за сексуално злоставување на најмалку две деца, вклучувајќи и 14-годишно девојче.

Откако пишуваа грчките медиуми, полицијата вчера го уапси Лигнадис и тој беше приведен во Атина, пренесува „Гардијан“.

Во присуство на адвокат, Лигнадис ги отфрли обвинувањата на рочиштето.

Поради обвинувањата, Лигнадис се повлече од својата позиција во Грчкиот народен театар на почетокот на февруари.

Грчката опозиција остро ги критикува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерката за култура Лина Мендони, кои го поставија Лигнадис на челната позиција во театарот.

Медиумите во Грција деновиве пишуваат за бројни скандали со сексуална злоупотреба, а бран обвинувања против членови на спортскиот и културниот живот иницираше поранешната олимписка шампионка во едрење, Софија Бекатор, која рече дека во 1998 година била злоставувана од челникот на Грчката едриличарска федерација.

Слични содржини