Уапсени 3 крадци, расчистени неколку кражби

од Milan1

„Вчера во 15.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(23) од Куманово бидејќи непосредно пред тоа извршил кривично дело кражба, во деловен објект  на ул.„Биљановска” во Куманово. Кај него биле пронајдени украдените предмети, кои ќе бидат вратени на сопственикот. 

СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар расчисти три тешки кражби, кои од 7 јануари до 12 јануари биле извршени во објект на „Железници на РСМ” во Гостивар и во два угостителски објекта во негова непосредна близина, а Е.П.(35) и А.М.(18),  двајцата од Гостивар, се осомничени дека се извршители на кражбите. Тие со употреба на сила влегле во објектите и одзеле повеќе предмети и пари. Одземените предмети се пронајдени и на 24 јануари 2022 година се вратени на сопствениците, лицата биле лишени од слобода, а по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, информираат од МВР.

Слични содржини