Убедлив триумф на Вардар во дуелот со Заглебје

од Vladimir Zorba

Во четвртиот натпревар одигран денеска на подготовките во Анталија, екипата на Вардар стигна до вториот триумф над Заглебје Лубин, овој пат со 3:0 (1:0).

Ова беше најубедливиот триумф до сега на подготовките, а вардарци стигнаа до него благодарение на головите на Блажевски, Фелипе и Барсегјан.

„Црвено-црните“ имаа уште неколку добри прилики за поубедлива победа, но не ги реализираа.

Од друга страна, пак, противникот од Полска на неколку пати се закани, меѓутоа Гачевски со неколку интервенции не дозволи да се затресе неговата мрежа, оставајќи го противникот без даден гол.

Слични содржини