Убиецот од Казан: Мојата мисија е уништување на живи суштества

од Stefanija Kuzmanovska

Еден од двајцата напаѓачи кои убија најмалку 11 ученици и еден наставник во пукање во училиште во рускиот град Казан е Илназ Галијавиев. Локалните медиуми објавија фотографија на која тој носи маска со натпис „бог“.

Галијавиев, чија фотографија ја објави рускиот портал „из.ру“, објавувал, благо речено, чудни објави на социјалните мрежи.

Според Рен ТВ, тинејџерот кој порано го посетувал училиште каде го изврши масакрот, направил блог во кој се споредувал со Бог и напишал дека неговата мисија е „уништување на живи суштества“. Тој исто така ги нарече „биомаса“ жртвите на нападот, кој го планирал и објавил на Телеграм.

„Денес ќе убијам огромна количина биомаса … Дојдов на овој свет во форма на човек за да се ослободам од сите вас“, напишал тој на Телеграм.

Според него, појавата на луѓето на Земјата е „грешка“.

„Како бог, сакам сите да се препознаат како мои робови. Мора да направите апсолутно сè што сакам. Сакам секој од вас да убие повеќе од 10 луѓе или себеси. Не треба да има живи суштества на светот, ова е вина на универзумот“, напишал Галијавиев.

Во слична порака тој објавил кога и како „сфатил“ дека е бог.

„Не сфатив одеднаш дека сум бог, тоа се случи пред околу два месеца. А од летото, чудовиште започна да се буди во мене. Почнав да мразам сè. Јас секогаш мразев сè и почнував да мразам уште повеќе. Не осмелувајте се да ми припишувате некакво психичко или психолошко срање“, рече тој во видеото кое кружи на социјалните мрежи, пренесува порталот Рен ТВ.

Според истиот извор, Галијавиев се одрекол од својата мајка и ги мразел своите родители.

„Ова прв пат ѝ го кажав на мајка ми, немам мајка, само ја нарекувам ‘ти’. Таа не е моја мајка. Немам родители, сите ве мразам. Немам мајка, се откажав од сите. Таа ме роди, но ова не е мајка. Нема мајка и тато, јас никогаш не ги нареков така“, додаде тој.

За Галијавиев не се знае многу. Руските медиуми пишуваат дека тој е роден на 11 септември 2001 година, на денот на терористичкиот напад во САД.

На социјалните мрежи се појави и видео од апсењето на Галијавиев, на кое се гледа како полицијата го држи приклештен на земја со лисици на рацете.

Другиот напаѓач кој отворил оган врз училиште во Казан, наводно бил Рамил Мухамедин. Тој беше елиминиран за време на специјална операција.

Слични содржини