Убиството на учесникот на Парадата на гордоста во САД несреќен случај

од Stefanija Kuzmanovska

Убиството на учесникот на Парадата на гордоста во американската сојузна држава Флорида не е кривично дело од омраза, туку е несреќен случај, беше објавено денес.

Член на машки хор вчера на почетокот на Парадата на гордоста во Вилтон Менорс случајно удрил со својот автомобил во колегите, при што загина еден член на хорот, а друг беше сериозно повреден.

Со таа изјава директорот на хорот ги негираше првичните шпекулации дека станува збор за злосторство од омраза насочено против геј заедницата.

Локалните власти исто така изјавија дека истрагата покажала дека станува збор за несреќен случај.

Откако беше приведен 77-годишниот возач, полицијата соопшти дека не поднела кривична пријава и дека истрагата е во тек.

Возачот има здравствени проблеми кои го спречуваат да оди.

И тој и жртвите биле членови на хор во Форт Лодердејл во кој имало 25 претежно постари мажи.

Слични содржини