Учебната година најверојатно ќе заврши на 14-ти јуни

од Nikola Popovski

Најверојатно второто полугодие од оваа учебна година нема да заврши на 10-јуни, како што беше пракса досега, туку ќе биде продолжено до 14-ти јуни. Ова денеска го навести министерот за образование Јетон Шаќири на прес-конференцијата во Влада.

-Според календарот за работа во образованието, до крајот на второто полугодие треба да се одработат 180 наставни денови. За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Што значи дека иако, освен 10-ти јуни, има три работни наставни денови, не гледам причина да има некаков проблем, рече Шаќири.

Претходно Владата на Република Северна Македонија на 118-та редовна седница, одржана на 10-ти месецов, го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.

Слични содржини