Украина: Бесмислено е да се преговара со Русија додека не ги потиснеме нејзините сили

од Stefanija Kuzmanovska

Украина денеска објави дека нема смисла да се преговара со Русија се додека силите на Москва не се потиснат што подалеку кон украинските граници.

„Сè додека не добиеме целосно оружје, додека не ги зајакнеме нашите позиции, додека (руските сили) не ги потиснеме што е можно подалеку до границите на Украина, нема смисла да водиме преговори“, изјави советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак за украинската телевизија на прашањето за понудата на францускиот претседател Емануел Макрон да посредува во преговорите меѓу Киев и Москва за ставање крај на војната во Украина, објави „Ројтерс“.

Украина, која наведува дека Русија веќе окупирала околу 20 отсто од нејзината територија, доби помоќно оружје од Западот.

Слични содржини