Украина: Експлозија во близина на нуклеарната централа во Запорожје

од Nikola Popovski

„Киев Индипендент“ на Твитер сподели објава на Енергоатом, националната украинска компанија за нуклеарна енергија, дека руски војници разнеле експлозив во нуклеарната централа Запорожје.

Тие тврдат дека експлозивот бил активиран во близина на главниот реактор кој е под руска контрола и дека планираат нови експлозии.

Во дополнително објаснување од украинската компанија за нуклеарна енергија, Енергоатом, весникот вели дека сè уште не е познато дали експлозијата влијаела на нивото на радијација.

Се наведува дека при експлозиите персоналот ги напуштил работните места.

 

Слични содржини