Украина: Во руско гранатирање загинаа три лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку три лица загинаа денеска во руски гранатирања и напади со дронови врз Украина, соопштија регионалните власти и војската.

Нападите оштетиле критична енергетска инфраструктура во неколку украински региони.

Гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак, изјави дека рано утринава во руското гранатирање на Никопол на југот на Украина загинал шеесет и четиригодишен маж, јавува Радио Слободна Европа.

Гувернерот на Херсон Олександар Прокудин изјави дека еден човек загинал во гранатирањето на селото Лавов.

Прокудин додаде дека во понеделникот во тој регион биле ранети двајца цивили.

Во областа Купјанск во источна Украина, еден маж загинал при гранатирање на селото Куриливка.

Властите објавија дека исто така неколку лица се ранети во руско гранатирање во регионите Запорожје и Доњецк.

Денеска, втор ден по ред, Русија врши напади со дронови врз реонот на Дњепропетровск, чија цел се објекти на енергетската инфраструктура.

Слични содржини