Украински генерал: Русија може брзо да ги уништи тенковите Абрамс

од Vladimir Zorba

Украинскиот генерал Кириол Буданов предупреди на можноста Русија да ги уништи американските тенкови Абрамс, чија прва серија пристигна во Украина како дел од ветувањето на Вашингтон да испорача 31 тенк М1 Абрамс за да помогне во борбата против руските сили.

Буданов, шеф на Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана, изјави за веб-страницата The Drive дека тенковите испратени од САД треба да се користат стратешки.

Тој верува дека руските сили би можеле брзо да ги уништат доколку бидат распоредени директно на линијата на фронтот, пренесува магазинот Newsweek.

„Тие треба да се користат на начин што е целосно приспособен за многу специфични операции, бидејќи ако се користат на првите линии и само во борбите со комбинирано оружје, нема да траат многу долго на бојното поле. Тие мора да се користат во пробивните операции, но да бидат добро подготвени“, рече Буданов.

Слични содржини