Украински генерал во Бахмут: „Платениците на Вагнер влегоа во градот како стаорци во стапица“

од Stefanija Kuzmanovska

Олександр Сирски, командант на украинските копнени сили, ги посети бранителите на Бахмут во градот кој регуларната руска армија и платениците на озлогласената руска приватна воена компанија „Вагнер“ очајно се обидуваат да го освојат речиси една година.

Сирски рече дека платениците на Вагнер „влегле во градот како што стаорците влегуваат во стапица за глувци“.

Во објава на својот канал на Телеграм, Сирски, заедно со фотографии од Бахмут, порача:

„Непријателот има повеќе ресурси, но ние ги уништуваме нивните планови.

Тој додаде дека украинските сили спроведуваат контраофанзивни акции во различни правци во градот.

Слични содржини