Украински херој загина во Бахмут: Во Киев организиран голем погреб, пристигна и Зеленски (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во Киев денеска беше организиран голем погреб за украинскиот војник Дмитро Коцубаило, кој загина во борбите во Бахмут.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски објави дека војникот Дмитро Котсубаило, попознат како Да Винчи, загинал во близина на Бахмут додека се борел за Украина.

„Да Винчи, херојот на Украина, борец доброволец, икона и храбра личност, Дмитро Коцубаило, загина во битка. Борец на 67-та посебна механизирана бригада, командант на баталјон. Загина кај Бахмут, борејќи се за Украина“, наведе Зеленски.

Тој потсети дека од 2014 година Коцубаило ја брани украинската независност, достоинството на украинскиот народ, како еден од најмладите херои на Украина.

„Тој е еден од оние чија лична историја, карактер и храброст засекогаш станаа историја, карактер и храброст на Украина“, рече претседателот на Украина.

Во Киев денеска беше организиран голем погреб.

На улиците има илјадници луѓе, а на погребот присуствуваше и Зеленски.

Слични содржини