Украинските амбасади во неколку европски земји добиле пакети со животински очи

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку украински амбасади во неколку европски земји примиле пратки со животински очи, соопшти денеска украинското министерство за надворешни работи.

Претходно, серија писма-бомби беа испратени на неколку локации во Шпанија, вклучувајќи ја и украинската амбасада, објави „Ројтерс“.

Овој пат пратките пристигнаа на адресите на украинските амбасади во Унгарија, Холандија, Полска, Хрватска и Италија, како и на генералните конзулати во Неапол, Краков и Брно.

Слични содржини