Уметничка Акција: Младоженците Вирус и Корона во центарот на Тетово ја одбележаа нивната љубов со огромна свадба

од Берта Китинска

Двојките почнаа да склучуваат брачен сојуз без оглед на загриженоста поради коронавирусот. Без почитување на каков било протокол за заштита, во Тетово, на масовни свадбиво своите дворови, двојките почнаа да ја запечатуваат својата љубов.

Во текот на денешниот ден, тивките револуционери спроведоа уште една акција поврзана со неодговорното однесување на граѓаните во време на пандемијата.

Владата забрани јавни масовни собири, а тука спаѓаат и приватните собири за одбележување на семејната радост или тага. Се затворија рeстораните кој функционираат само за свадбени прослави, а истите работат со доставување на храна по дома. Но оваa не е пречка за младоженците Вирус и Корона, кои во весела атмосфера во центарот на градот ја одбележаа нивната љубов со огромна свадба. На свадбата се поканети над 300 гости, кои мораат да го почитуваат кодот на облекување – маски, коишто треба да ги држат на рака а не на лице, а истите да се комбинирани со облеката.

„Да се игра оро како човек, вирусот го снема – тој е прогласен за мртов„- пишува на поканата за свадба која е поставена во центарот на градот, од страна на младите активисти од Тетово.

Целта на оваа акција е да се подигне јавната свест кај граѓаните за почитување на мерките, да бидат одговорни, солидарни, а се со цел да го заштитиме колективното здравје во нашиот град. Масовните веселби сепак да ги оставиме за некои подобри времиња!

Слични содржини