Уште еден дијамант од „Ла Масија“ доби повик за Шпанија

од Vladimir Zorba

Талентот на Барселона, Пау Кубарси, доби повик во шпанската репрезентација. 17-годишниот дефанзивец дебитираше за Каталонците во јануари и оттогаш се наметна во тимот на Чави Ернандез.

Така Кубарси влезе во составот за контролите со Колумбија на 21 март во Лондон и Бразил на 26 март во Мадрид.

Првиот повик го доби и дефанзивецот на Атлетик Билбао, Дани Вивијан.

Во тимот на Луис де ла Фуенте се враќаат Педро Поро (Тотенхем), Пабло Сарабија (Вулверхемптон) и Жерар Морено (Виљареал).

Слични содржини