Македонската ракометна репрезентација и денеска изгуби во мечот со Русија.

На крајот, по 60 минути игра мечот заврши 20:32, за Русија.

Шест гола во македонскиот национален тим постигна Кузмановски. Кире Лазаров целиот меч го преседе на клупата за резерви.

Македонската репрезентација во недела го игра последниот натпревар на втората фаза на СП против репрезентацијата на Белорусија во 15:30.

Слични содржини