Уште еден заразен со коронавирус во Србија, вкупно досега 19

од Aleksandar Petrovski

Во Србија е потврден уште еден случај на инфекција со новиот коронавирус, со што вкупниот број заразени е 19, соопшти утринава Министерството за здравство. До денеска, во 8 часот, вкупно 160 лица се
тестирани.

Од последниот извештај, во 20 часот синоќа до 8 часот утрово, биле тестирани примероци од девет лица, од кои едниот бил позитивен и осум негативни за новиот коронавирус.

Слични содржини