Уште една голема грешка во „Game of Thrones“ за крај на серијата

од desk2

Цела сезона на незадоволство заврши крајно неславно синоќа, кога беше емитувана последната епизода од серијата „Game of Thrones“. Фановите не беа задоволни од исходот, а екипата која работи на серијата повторно си ја загрози репутацијата со нов фејл – пластично шише оставено во една од сцените.

По чашата од Starbucks, не мислевме дека ќе видиме нов аматерски кикс во „Game of Thrones“ ама продуцентите на шоуто не мислеа така. Овојпат, пластично шише со вода имаше епизодна улога во веројатно најпопуларната серија на сите времиња.

Корисниците на социјалната мрежа Twitter посочија на овој момент и развија цела теорија за тоа дали шишето е таму оставено намерно или ненамерно. Некои од нив мислат дека актерите намерно ги оставаат овие модерни реквизити во сцените како еден вид на облог помеѓу нив, а дел од твитерџиите веќе ја обвинија Емилија Кларк дека ова е нејзино дело.

„Game of Thrones“ започна да се прикажува на HBO уште во 2011 година. Оттогаш досега се стекна со огромна популарност, станувајќи најпопуларна серија на новиот милениум. Последната сезона беше долго најавувана како „најдобрата досега“, но испадна дека фановите беа целосно разочарани од исходот. На крајот, сценариото за последната сезона испадна најголем фејл во целата серија.

Слични содржини