Уште кога имав 18 години цврсто решив дека нема да имам деца

од desk2

Камерон Диаз повторно крена прашина зад себе со нејзините ставови околу мајчинството.

Без воопшто двоумење во интервјуто за магазинот Еsquire потврди дека не сака да стане мајка и дека никој не може да го промени нејзиното мислење во врска со тоа.

-Не се покајав. Уште кога имав 18 години, цврсто решив дека нема да родам деца. Децата со себе носат обврски, а јас од животот очекувам многу повеќе. Едноставно сакам да се посветам само на себеси, појасни популарната актерка.

Четириесет и пет годишната Диаз, која е позната по нејзината љубов кон децата, сака да го поминува времето со децата на својата најдобра пријателка Дру Баримор, но не сака да има свои.

Таа смета дека родителството би ја спречило во остварувањето на сопствените цели, но вели дека сепак и било тешко да ја донесе оваа одлука и не се смета себеси за себична личност.

Слични содржини