Уште три лица го загубија животот од Ковид-19, пријавени 34 новозаразени

од Nikola Popovski

Од направени 223 тестови, регистрирани се 34 нови случаи на коронавирус, информираа од Министерството за здравство.

Билансот по градови изнесува: Скопје– 26, Битола и Прилеп– по 2, Куманово, Охрид, Неготино и Свети Николе – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 8 реинфекции. Регистрирани сe и 264 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 3 починати лица, по едно лице од Скопје, Крушево и Дебар, на возраст од 79г-89г. Од нив две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови.

Пријавените се починати во период од 10 – 29.08.2022.

Досега во земјата се направени вкупно 2 156 878 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341 404, бројот на оздравени пациенти е 330 866, на починати е 9 506, а бројот на активни случаи изнесува 1 032.

Слични содржини