Утре почнува јавниот увид во избирачкиот список

од Nikola Popovski
256 прегледи

Во сите подрачни одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), утре почнува јавниот увид во избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори.

Увидот ќе трае до 18-ти март, а освен во подрачните одделенија и канцеларии, може да се направи и преку веб страницата https://izbirackispisok.gov.mk/.

Во подрачни одделенија ќе може да се поднесуваат и писмени барања за запишување, дополнување или бришење на податоците на граѓаните во избирачкиот список.

Согласно роковникот и изборниот законик, избирачкиот список што ќе оди на избори се заклучува и потпишува најдоцна 15 дена пред изборите.

Слични содржини