Утре се бира новата црногорска влада, Кривокапиќ го достави предлогот

од Nikola Popovski

Во овој момент, во преден план на идната влада се наоѓаат економијата, борбата против инвалидитетот и владеењето на правото, што ќе направи пресврт од претходната политика и ќе се свртиме кон просперитетот и благосостојбата на Црна Гора, најавил мандаторот Здравко Кривокапиќ.

Утре ќе биде одржана седница во парламентот каде на дневниот ред ќе се најде изборот на 42 црногорска влада

Кривокапиќ вчера до Собранието достави предлог за нова владина програма, во која како приоритети ги наведе борбата против корупцијата и криминалот, намалување на јавната потрошувачка, еднаквост на сите граѓани, добрососедски односи со соседните земји и пријателски земји, градење доверба во државната администрација, безбедноста фер изборни услови.

Тој потсетува на изборната победа на 30 август, изјавувајќи дека неговата влада треба да биде прва демократска и дека тие се целосно свесни дека нивната обврска е „историска и неповторлива“.

„Главната цел на новата влада е штом ги напуштиме овие функции, Црна Гора да биде поорганизирана и побогата отколку што е сега“, рекол тој во документот за кој пратениците ќе гласаат, како што е планирано, веројатно на 4 декември.

Слични содржини