Увид во исказот на Радоичиќ: Обвинителот воопшто не побарал притвор?

од Stefanija Kuzmanovska

Потпретседателката на Партијата за слобода и правда и пратеничка Мариника Тепиќ денеска изјави дека српското правосудство во случајот на Милан Радоичиќ покажало дека станува збора за најобична фарса, но и дека нивната работа е обична шега, пренесе „Данас.рс“.

Таа објасни дека речиси сите медиуми во Србија објавиле дека му е прекинат притворот на Милан Радоичиќ, кој беше обвинет за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни направи, како и за тешко кривично дело против општата безбедност, иако не му ни бил одреден притвор.

„По разгледувањето на сведочењето на Радоичиќ, дознаваме дека обвинителот не ни побарал притвор за Радоичиќ по оние точки од Законот за кривична постапка што секако би довело до тоа судот да одреди притвор“, посочува Тепиќ во изјавата.

Таа додаде дека обвинителот не побарал притвор за Радоичиќ ниту поради бојазност од повторување на делото, бидејќи опишаните дела се крајно тешки, но и поради вознемиреност на јавноста, иако во вакви и слични ситуации тој е нужно предложен.

„Во двата случаја судот не би имал каде да оди и би морал да одреди притвор. Но, обвинителот „избра“ да бара притвор само поради ризикот од бегство, што во овој случај е смешно, особено кога ќе се земе предвид фактот дека се е направено врз основа на признанието на Радоичиќ, кој како обвинет, може да лаже“, нагласи Тепиќ.

Таа оцени дека ситуацијата уште повеќе ја влошуваат коментарите во кои, како што наведе, Александар Вучиќ е обвинет дека стои зад вакви директиви за да се „испере“ пред меѓународната заедница или затоа што наводно не ги пушта своите пријатели низ вода.

„Главното прашање овде е дали всушност Радоичиќ би го пуштил Вучиќ низ вода и дали вистинската истрага ќе покаже дека сега Радоичиќ го контролира Вучиќ, а не обратно“, заклучи Тепиќ.

Слични содржини