„Ужасно е да се биде овде“: Се огласи Кевин Костнер откако го доби судскиот спор против поранешната сопруга

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот актер Кевин Костнер го доби случајот против неговата поранешна сопруга Кристин Баумгартнер.

Двајцата водеа правна битка за алиментација, бидејќи Кристин барала значително поголема сума за издржување на нивните три деца.

Имено, на Кристин првично ѝ била понудена алиментација од 129.000 долари, но таа не ја сметала за доволна и како што напиша „NY Post“ побарала сумата да се зголеми на 175.000 долари месечно. Таа како главна причина навела дека сака децата „да можат да уживаат во истиот луксуз кога се со неа, како кога се со татко им“.

Меѓутоа, како што сега објави TMZ, Кристин подоцна се согласила да ја намали сумата што ја бара и ја променила на 161.592 долари. Сепак, судијата од Лос Анџелес во петокот одлучил да ги одобри предложените 63.209 долари месечно алиментација кои актерот ќе ѝ ги исплаќа на неговата поранешна сопруга.

По оваа одлука се огласи и Костнер.

„Ужасно е да се биде овде, но тука сме. Чувството е толку лошо. Зборуваме за некој кој го сакам, а е на другата страна. Едноставно не можам“, изјави Кевин Костнер за „Access Hollywood“ во врска со судењето.

На прашањето дали сè уште ја сака поранешната сопруга, актерот одговорил: „Секако“.

Слични содржини