Вака ќе изгледа документот за патување: Брисел откри 3 услови за слободно движење во рамките на ЕУ

од Vladimir Zorba

Денес Европската комисија го претстави „Дигиталниот зелен сертификат“, кој ќе им овозможи на граѓаните да докажат дека не се заразени со коронавирусот и дека не претставуваат опасност за епидемиолошката слика на земјата во која доаѓаат.

Сертификатот ќе вклучува три критериуми: доказ дека имаат негативен PCR test, дека примиле вакцина или дека се заразиле со коронавирусот, пишува Јутарњи.хр

Денес, претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го претстави предлогот на Комисијата за „дигиталниот зелен сертификат“, чија цел е да се олесни патувањето во рамките на Европската унија.

Според предлогот на Европската комисија, овој сертификат ќе биде и во хартиена и во електронска форма, а ќе го издаваат властите од сите земји-членки.

Сертификатот ќе биде признат од сите членки на Европската унија и земјите што се наоѓаат во Шенген-зоната, но не се во ЕУ.

Сертификатот ќе докаже дека лицето е вакцинирано против Ковид-19, дека има негативен тест или доказ дека е заразено со вирусот.

Ќе им биде издаван на државјани на Европската унија, но и на странски државјани кои живеат во ЕУ, како и членови на нивните семејства. Издавањето на овие сертификати на граѓаните ќе биде бесплатно.

Комисијата нагласува дека во овој случај, со оглед на тоа што овие сертификати содржат лични податоци, заштитата на овие податоци ќе биде многу висока.

„Дигиталниот сертификат“ ќе содржи информации за вакцината што ја примил граѓанинот, кој е производителот, бројот на дозата и датумот на имунизација.

Сертификатот за тест ќе содржи вид на тест, датум и време на тестот, местото на тестот и резултатот од тестот.

Потврдата дека лицето се заразило со коронавирус ќе содржи датум кога е утврден позитивниот тест, органот што го издал сертификатот, датумот на издавање и датумот на истекување.

Последната ставка на рокот на траење може да предизвика контроверзии, бидејќи сè уште не е утврдено колку трае имунитетот за луѓето кои биле заразени со вирусот.

Земјите-членки ќе мора да ги признаат сертификатите за вакцинација, без оглед на видот на вакцината. Таквите сертификати ќе мора да бидат признати како критериум патникот да биде ослободен од сите ограничувачки мерки, како што е самоизолацијата.

Меѓутоа, во тој случај, лицето мора да се вакцинира со вакцина која е лиценцирана за поширока употреба во ЕУ.

Како ќе изгледа добивањето сертификат во пракса?

Ова прашање беше поставено затоа што некои земји-членки, како и оние надвор од неа, користат и кинески и руски вакцини кои не се одобрени во Европската унија.

Според толкувањето на Европската комисија, имунизацијата со вакви вакцини нема да биде доволна за потврда за целата ЕУ, но секоја земја има право да одлучи сама дали ќе ја признае.

Европската комисија наведува дека ова „воопшто не воведува услови за патување“ и дека таквиот сертификат не може да биде предуслов за патување и тие сакаат само да ја олеснат слободата на движење.

Комисијата наведува дека системот на дигитални зелени сертификати ќе биде „привремена мерка“, која ќе биде суспендирана веднаш штом СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирусот.

Слични содржини