Вака моментално изгледа американскиот Конгрес: Националната гарда спие (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Денешната седница на Претставничкиот дом во САД е придружена со огромно обезбедување, а меѓу нив има и членови на Националната гарда, кои влегоа во Конгресот за првпат по Граѓанската војна.

Зградата на Капитол Хил е полна со војници под целосна воена опрема, а социјалните мрежи се полни со фотографии на кои се гледа како војници лежат на подот, некои спијат, а некои гледаат во мобилните телефони.

Се уште нема информации до кога ќе трае седницата на Конгресот и каква одлука ќе биде донесена во врска со барањето за импичмент на Доналд Трамп.

Слични содржини