Ванг: Кина против исклучувањето на Русија од Г-20

од Stefanija Kuzmanovska

Кина се противи на исклучувањето на Русија од Г-20 и другите меѓународни форуми, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на индонезискиот остров Бали.

На почетокот на билатералната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на самитот на Г-20, тој рече дека Пекинг ја поддржува улогата на Русија во рамките на Г-20 и другите меѓународни форуми и оти верува дека никој нема право да ѝ го одземе правото на Русија да учествуваат во мултилатерални формати, пренесува „Интерфакс“.

Украина претходно објави дека бара Русија да биде исклучена од Г-20.

Слични содржини