Вангелов: Проблемот се појави по 6. состанок, кога Бугарија односно колегите одбиваат да ја употребуваат придавката македонски

Во своето гостување во 24 анализа, Огнен Вангелов, посочува дека овој спор е застарен и не е нов, во однос на децениските дебати каде постојано се спори потеклото на македонскиот јазик.

„Проблемот се појави по 6. состанок, кога Бугарија односно колегите одбиваат да ја употребуваат придавката македонски. И тука настана проблем со потпишување на записните, бидејќи од наша страна тоа не е во ред и прифатливо. Немало дебати за тоа какво е потеклото на македонскиот јазик. Мене ми е јасно која е позицијата на бугарската страна, но тие дебати се застарени и тука нема ништо ново. Ова се изместени позиции“, вели Вангелов.

Слични содржини