Вардар со победа ги заврши „контролите“ во Анталија

од Vladimir Zorba

На последниот пријателски меч на подготовките во Анталија, екипата на Вардар денеска ја совлада Дукла Прага со 1:0.

Голот на Јован Попзлатанов во 50. минута ја донесе победата на „црвено-црните“, а во текот на мечот тимот на Чеде Јаневски имаше уште неколку шанси за поубедлива победа, и покрај тоа што Дукла на почетокот ја погоди и стативата од голот на Гачевски.

Утре „црвено-црните“ се враќаат во Скопје.

Слични содржини