Ваучерите вредни 6.000 денари ќе стигнат на домашна адреса, ќе може да се користат од 15 јули до 15 декември

од Nikola Popovski

Сите вработени граѓани кои имаат месечни приходи до 15.000 денари, на домашна адреса ќе добијат ваучер од 6.000 денари за годишен одмор во земјава, изјави денес министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој дополни дека граѓаните ќе добијат упатство и код за користење, откако УЈП ќе ги достави списоците на оние што ги исполнуваат условите. Ваучерите за одмор и платежните катрички ќе можат да се користат од 15 јули до 15 декември.

За две недели, на 15 јуни, ќе биде пуштена во употреба платформата со хотелите и сместувачките капацитети, вклучувајќи ги и приватните сместувања, каде ќе може да летуваат граѓаните со месечни приходи под 15.000 денари.

Како што објасни денеска Бектеши, граѓаните ќе може сами да ги направат своите аранжмани, без посредство на туристички агенции, а согласно владината мерка, освен ваучер ќе добијат и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во хотелите и угостителските обејкти.

Бектеши најави дека идната недела ќе се смени критериумот за категоризација на сместувачките капацитети за да се отвори можност што повеќе да се регистрираат на платформата.

Сместувачките капацитети нема да треба да им издават фискални сметки на граѓаните, туку ќе треба само да достават извештај на крајот на месецот колку ваучери се искористени кај нив, по што ќе им биде исплатено за услугата што ја давале.

-Сите граѓани до крајот на идната недела да видат дали добиле ваучер, ако не, да го контактираат Министеството каде дополнително ќе се проверат нивните податоци. Подоготвката на палтфората е почната и таа ќе биде пуштена во употреба на 15 јуни. Хотелиерите потоа ќе имаат рок 15 дена, до 30 јуни, да ја постават поунудата, апелира министерот.

Слични содржини