Венгер: Дискриминиран сум поради мојата возраст

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е убеден дека постојаните барања за неговата оставка се дискриминација поради неговата напредна возраст.

68-годишниот Венгер верува дека кон повозрасните менаџери има предрасуди и затоа се повикани да го напуштат Арсенал.

„Колку постар стануваш, овие барања стануваат малку подискриминирачки. Можам да ги прифатам повиците за оставка кога резултатите не се добри, но овие постојани зборувања за тоа колку години сум во клубот, колку сум стар – тоа ми е малку тешко да го проголтам“, рече Венгер.

Французинот е на чело на Арсенал од 1996 година и има три титули и седум куп трофеи во Англија.

Слични содржини