Венгер конечно призна: Многу сме лоши

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер конечно призна дека неговиот тим отстапува сериозно од лидерите во Премиер лигата. Тимот од Лондон запиша два последователни порази со 0:3 од Манчестер Сити само во рамките на една недела, а за прв пат од почетокот на сезоната, французинот беше искрен дека претставувањето на „топџиите“ е многу под очекувањата.

„Презентацијата ни е полоша од минатата година, бидејќи тогаш барем го освоивме ФА Купот и освоивме 75 поени. Јас не го негирам тоа. Ќе го анализираме тоа на крајот на сезоната. Не грижете се, можам да живеам со реалноста“, рече Венгер.

Арсенал во моментов заостанува вкупно 30 поени од Манчестер Сити, а до крајот на кампањата во Англија остануваат десет натпревари.

Слични содржини