Венгер: Жал ми е што не го напуштив Арсенал порано

од Vladimir Zorba

Прославениот менаџер Арсен Венгер на клупата на Арсенал помина 22 години.

Од 1996 до 2008 година, тој освои 17 трофеи во сите натпреварувања, губејќи го финалето на Лигата на шампионите во 2006 година.

Една година потоа, според сопственото признание, ги почувствувал првите проблеми во односот со управата на клубот.

Тоа, како што вели, бил вистинскиот момент да се напуштат „топчиите“.

„Целосно се идентификував со клубот, тоа беше моја вина. Мојата фатална мана беше што премногу сакав таму каде што бев. Се каам за тоа. Требаше да заминам на друго место. Понекогаш се прашувам дали се расипа се по таа сезона кога бевме непоразени? 2007 година беше пресвртница, кога првпат ги почувствував тензиите во раководството. Бев растргнат помеѓу лојалноста кон клубот и лојалноста кон Дејвид Дејн. Се уште се прашувам дали постапив правилно, бидејќи животот не беше ист после тоа“, рече Венгер, мислејќи на тогашната продажба на клубот.

„Можев да ја преземам репрезентацијата на Франција, а на Англија два-три пати. Двапати можев да одам во Реал Мадрид, можев да се преселам и во Јувентус, Пари Сен Жермен, дури и во Манчестер Јунајтед“, заклучи Венгер.

Французинот сега е на висока позиција во ФИФА, задолжен за воведување идеи за подобрување на фудбалската игра.

Слични содржини