ВИДЕО: Бајден повторно води „борба“ со ветрот: Не можеше да ја облече јакната, му паднаа и очилата

од Stefanija Kuzmanovska

Телевизиските камери ја снимија „борбата“ на американскиот претседател Џо Бајден со јакна и очила на излезот од авионот.

Американскиот лидер не успеа сам да се справи со оваа ситуација, туку имаше помош од првата дама.

По неколку неуспешни обиди да ја облече јакната, сопругата му помогна, но само неколку моменти подоцна се случи уште еден пех – му испаднаа очилата за сонце.

Бајден брзо ги собра и продолжи понатаму.

Ова е прво службено патување на Бајден откако неодамна се зарази со коронавирусот. Претседателот на САД е во Кентаки.

Слични содржини