ВИДЕО: Кримскиот мост во облак од густ чад, Москва се огласи со детали

од Stefanija Kuzmanovska

По извештаите за експлозии и сирени за воздушен напад во Керч, Крим, официјални лица на анектираниот полуостров од страна на Русија соопштија дека биле соборени два дрона. Меѓутоа, руското министерство за одбрана објави сосема поинаква верзија. Тие тврдат дека Киев се обидел (повторно) да го таргетира мостот со противвоздушна ракета С-200, а не со беспилотни летала.

„Украинската ракета е навремено откриена и пресретната во воздух од руските системи за противвоздушна одбрана“, објави министерството за одбрана на Телеграм.

Понатаму се наведува дека нема штети или жртви, но тоа останува да се види, имајќи предвид дека досега во слични случаи и напади врз клучни цели, Русија негираше дека има штета и жртви дури и кога имало, како во случајот со крстосувачот „Москва“.

Верзијата на денешниот настан од гледна точка на управата на Крим, односно руски функционери на Крим назначени од Кремљ по анексијата на полуостровот во 2014 година, е дека чадот што излегува од мостот го создале спасувачките служби.

Локални жители: Нешто удри во мостот

Локалните жители во близина на плажата рекоа дека виделе како „нешто удрило во мостот“, иако руските власти тврдат дека противвоздушната одбрана ги запрела беспилотните летала. Исто така, сообраќајот е прекинат во двата правци.

Претходно утринава Русија тврдеше дека Киев испратил 20 дронови да го нападнат Крим во текот на ноќта, но дека руската противвоздушна одбрана ги уништила сите.

Во исто време со денешниот обид за напад, речиси секојдневно има вести за обиди за напади со беспилотни летала врз цели во Русија, па дури и во самата Москва.

Слични содржини