(ВИДЕО) Мексиканскиот спасувачки тим се прости од своето куче: Збогум голем хероју

од Nikola Popovski

Мексиканскиот тим, кој помогна во потрагата и спасувањето на луѓето под урнатините по разорните земјотреси во Турција, се прости од Протео, нивното куче трагач.

Протео беше дел од тимот од 150 луѓе кои дојдоа во Турција од Мексико. Тој одигра важна улога во спасувањето на три лица од под урнатините во разурнатиот турски град.

Кучето работело со својот тим и заедно ги пребарувале урнатините. Тогаш се случи најстрашното нешто за секој спасител: дел од зградата се урнала врз него и го затрупало. Иако неговите колеги луѓе веднаш го извлекле од под урнатините и потоа се обиделе да го оживеат, за жал за несреќното куче немало спас.

По Протео тагуваат бројни колеги, но и сите што слушнале за неговата трагична судбина. Затоа, ова куче сигурно ќе остане запаметено како легенда и херој кој го жртвувал својот живот за да ги спаси и да им помогне на луѓето.

Слични содржини