(ВИДЕО) Планинар два дена ползел со откинатата нога во рацете за да помине само три милји

од desk2

 

Австралискиот планинар Нил Паркер (54), преживеал вистинска Голгота откако паднал од шест метри висок водопад и со откината нога се влечел два дена за да дојде до помош.


Планинарот Нил Паркер од биолницата во Бризбен раскажува низ какви маки поминал, откако паднал во водопад. Тој бил сам, а при падот го загубил мобилниот и во еден момент станал свесен дека ако сака да преживее ќе мора да се потпре на сопствените сили.

Паркер имал скршен лев зглоб на ногата, а глуждот на другата нога му бил скршен и откачен.

Паркер, инаку искусен планинар и водич од Бризбен, пешачел во близина на мало село, кога се лизнал и паднал.

„Се лизгав околу шест метри, направив sвезда, удирав во карпи и паднав во потокот“, рече Паркер. „Скршената коска на ногата ми ја прободе кожата, на која делумно се држеше. Кога ја видов ситуацијата, мислев дека ќе се спасам само ако ја искористам сопствената сила“.

Австралиецот го загубил мобилниот телефон во несреќниот случај и решил дека најлесно е да се спаси со лазење. Паркер успеа, но патувањето до спасението било долго и болно.

„Се движев метар, можеби метар и половина, пред да се одморам“, им раскажа Паркер на новинарите во средата од болничкиот кревет. “Не можев да верувам. Требаше да изодам само три милји, но за тоа ми требаа два дена. Мислев дека никогаш нема да успеам”.

 

Паркер со себе понел опрема за прва помош и направил импровизирана штака за нозете со помош на лепенки и стаповите за одење. Имал и лекови против болки, вода и малку храна – слатки, енергетски стапчиња и ореви.

“Морав да си ја носам ногата, а нозете се навистина тешки кога не се поврзани со ништо. Се обидував да ја кренам и да преминам преку камењата. Го користев лактот и постојано се борев”, рече Паркер, додавајќи дека неговата желба да се врати на семејството му давала сила. „Сакав да бидам со моите деца“.

Паркер беше забележан од екипажот на хеликоптер во вторникот и пренесен во болницата во Бризбен. Ортопедскиот хирург, Никола Вард, изјави за австралиската телевизија АБЦ дека Паркер добро закрепнува.

„Никогаш претходно не сум слушнала за одење со два скршени екстремитети“, додаде таа, истакнувајќи дека на Паркер ќе му требаат осум недели за да се опорави од повредите.

Слични содржини