(Видео) Родила дете на 12 години откако нејзиниот брат ја силувал

од desk2

Девојката која во 2006 година родила дете, откако нејзиниот брат ја силувал и на 12 години станала најмлада мајка во Велика Британија, денес има 24 години, а во октомври минатата година повторно станала мајка.

Во моментот кога ќерката Аријана прв пат ја зела на своите гради, Треса Мидлтон имала помешани чувства: неизмерна радост, но и тага по девојчето кое морала да го даде на посвојување кога имало само две години.

И таа признава дека мајчинството по втор пат во исто време било и горко и слатко искуство.

„Почувствував чиста среќа во моментот кога Аријана се роди. Бидејќи, имаше моменти кога мислев дека никогаш нема да имам друго дете”, признава Треса. „Но, во исто време чувствувам и вина. Бидејќи Аријана е со мене, а постарата ќерка не е”, вели таа и додава дека нејзината ќерка секогаш ќе знае дека има постара сестра. „Уште сега и зборувам за тоа, иако не ме разбира”, вели таа.

https://twitter.com/Mamafih365/status/967790038582022144

Најголема желба на Треса е Аријана да има нормално детство, и да знае дека е сакана и безбедна.

Таа самата тоа го немала. Нејзината мајка Треси Талонс била алкохоличарка и зависник од дрога.

Нејзиниот брат Џејсон почнал сексуално да ја вознемирува кога имала 7 години, а четири години подоцна останала бремена по силување.

Слични содржини