(ВИДЕО) Седумте најдобри божиќни реклами за 2018

од Vladimir Zorba

Повеќето земји во светот се во посебно расположение пред доаѓањето на Нова година, но некои едноставно многу подолго, посилно и френетично се радуваат на божиќните празници.

Едноставно, никој не го доживува Божиќ како Обединетото кралство. Или барем има неверојатно добар маркетинг.

Секаде во светот, покрај украсените улици и плоштади, зимски забавни паркови и лизгалишта, како и излози и угостителски локали, новогодишната еуфорија е неизбежен дел и од телевизиската програма каде сме опсипани со божиќни реклами.

Но, знаејќи го вниманието кое британските купувачи го обрнуваат на божиќниот шопинг, и големите брендови се посебно посветени на кампањите за овој пазар.

Па така, воопшто не треба да бидеме изненадени дека топ 7 листата на божиќни реклами за 2018 се токму на најпопуларните брендови во Велика Британија.

Од непобедливиот број 1 на “контроверзниот“ краток филм на синџирот за смрзната храна Ајсланд кој повикува на свесност за животната средина, до класичните бакнежи под имелата на Веитроус, погледнете како изгледа божиќната магија на малите екрани.

  1. Iceland

2. Sainsbury’s

3. Heathrow

4. John Lewis

https://www.youtube.com/watch?v=mNbSgMEZ_Tw

5. Boots

6. Burberry

7. Waitrose

https://www.youtube.com/watch?v=pnWodnR1lao

Слични содржини