Видеото што најдобро го покажува хаосот во Барселона

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Барселона доживеаја катастрофа против ПСЖ и уште од самиот почеток беше јасно дека работите не функционираат.

Тимот од Париз ги диктираше настаните на теренот од самиот почеток, Французите ги разбија домаќините речиси без милост, а во еден момент имаше голема дискусија помеѓу Жерар Пике и Антоан Гризман.

Во 38-та минута, Мбапе повторно, благо речено, ги полуде играчите на Барса. Гризман и Сергињо Дест успеаја некако да спречат погодок и да ја испратат топката во корнер, но Пике, очекувано, беше незадоволен:

„Ајде да ја зачуваме топката барем еднаш, ебате. Ајде, луѓе, само еден напад“, извикал Пике.

Французинот во дресот на Барса му рекол да се смири и да не вика, на што Пике одговорил:

„Господи, зошто не можеме да ја задржиме топката?“.

Конверзацијата прераснала во конфликт, па имало и пцовки. Пике на крајот му забележа дека дефанзивците трчаат како луди за да ги сопрат Мбапе и останатите опасни офанзивци на ПСЖ, на што Гризман одговорил со: „И јас трчам исто како и ти“.

Слични содржини