Викторија Бекам објави неколку фотографии од одморот во Хрватска

од Vladimir Zorba

Семејството Бекам реши ова лето да го помине во Хрватска, а Викторија во фотогалерија, која ја објави на Инстаграм, покажа како уживаат на јадранското прекрасно крајбрежје.

Дејвид и Викторија Бекам пристигнаа на одмор со своето семејство, а беа сместени во луксузното сместување на одморалиштето Lopud 1483. Многу им се допадна идилата на престојот во магичната околина на францисканскиот манастир, бидејќи тука се веќе втора година во низа! На својот Инстаграм профил Викторија објави неколку фотографии на кои на своите следбеници им покажа како семејството го поминува времето.

Бекамови се свесни и дека Хрватска има магични зајдисонца, бидејќи го искористија портокаловото небо за романтична фотосесија, а прекрасната глетка ги наведе сопружниците да се бакнат.

Покрај романтичните фотографии од бакнежи, Викторија објави и фотографија од нејзината ќерка Харпер Севен како ужива во возење со брод, а од него се вее хрватското знаме, но го откри и талентот на нејзиниот син Круз, кој свиреше на гитара на зајдисонце.

Таа во описот откри дека времето поминато со семејството и значи се во животот, а ги поздрави и синовите Бруклин и Ромео кои летово не му се придружија на семејството!

Поранешната „Спајсица“ одлично ја промовираше Хрватска, а фотографиите за само 40 минути ги „лајкуваа“ повеќе од 93.000 следбеници!

Дополнително, Бекамови покажаа како знаат да уживаат и да се забавуваат во пливање и возење SUP, создавајќи моменти за паметење за цел живот.

Слични содржини