Викторија Бекам ужива на Јадранот: Ги воодушеви следбениците со витката линија (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Семејството Бекам веќе со денови престојува во Хрватска. Викторија Бекам е активна на социјалните мрежи каде редовно споделува детали од својот живот.

Таа повеќе пати покажа како ги поминува летните денови. Популарната дизајнерка со семејството ужива на море.

Викторија сега позираше покрај морето, а зад себе има прекрасни сцени од зајдисонце.

Сепак, во преден план е прекрасната фигура на атрактивната дизајнерка и сопруга на Дејвид Бекам.

Додека Викторија уживаше во одморот, поранешниот фудбалер покажа добра форма, па одвои време за тренинг покрај морето.

Слични содржини