Вил Смит на средба со роботот Софија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Ако се уште не сте разбрале, Вил Смит има свој канал на YouTube. 49-годишниот актер очигледно решил да стане влогер, и иако се зафатил со активност која е карактеристична за неговите деца, треба да признаеме дека всушност го бива.

Во новото видео Смит е на романтична средба со роботот Софија на брегот на Кајманските острови. Софија е способна да репродуцира повеќе од 60 човечки емоции, но тоа не помогна на ѕвездата да се зближи со неа.

„Која е омилена музика на роботите – хеви метал“, со оваа шега тој се обиде да го стопи мразот меѓу нив.

„Всушност, јас сум направен главно од силикони, пластични и јаглеродни влакна. И повеќе сакам електронска музика“, вели таа.

„Софија не ме сака … претпоставувам заради мојата приказна со роботите“, напиша тој во пост на Инстаграм, мислејќи на неговата улога во филмот „Јас, робот“.

А како Софија реагира на обидот на Вил Смит да ја бакне, видете во видеото.

Слични содржини