Виножито ширум Европа – паради во Рим, Загреб, Варшава, Букурешт, Софија…

од desk2

Неколку десетици илјади луѓе учествуваа на парадите на гордоста на ЛГБТ заедницата во неколку градови ширум Европа – Букурешт, Рим, Загреб, Рига, Софија, Варшава.

Парада на гордоста одржана е во Бикурешт и е најголем собир по тој повод со околу 3.000 луѓе во последните неколку години.

Собирот во Букурешт доаѓа неколку дена пред одлуката на романскиот парламент за организирање референдум за закон дека бракот е „заедница на маж и жена“ а не сопружници како што во моментот е наведено во Уставот.

Таа иницијатива која ја поддржува влијателната Православна срква во Романија, многумина го сметаат за кршење на правата на сексуалните малцинства.

Околу 2.000 луѓе се собраа во Софија каде беа присутни многу полициски сили. Собирот е одржан покрај повикот за бојкот на тамошната Православна црква која смета дека тоа е собир на грев.

Во Варшава имаше околу 23.000 луѓе според градските власти, а според организаторите околу 45.000.

Во Рига одржана е парада на гордоста Балтик прајд во организација на Литванија, Естонија и Латвија. На тој собир имаше околу 8.000 луѓе.

Во Загреб се собраа околу 10.000 луѓе, а им се придружија и политичари од опозицијата.

Вкупно 16 европски земји го признаа хомосексуалниот брак, додека неколку воведоа граѓанска заедница за партнерите од ист пол, а повеќето источноевропски земји не го прифаќаат ни едното ни другото.

Слични содржини