Вирусот продолжува да се шири, ковидот не ги штеди ниту младите

од Берта Китинска

Министерството за здравство ги објави досега обработените податоци, од спроведениот скрининг во првите денови. Од тестирани 1323 ученици во средни и основни училишта на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, 725 се основци од 1 до 9 одделение, а 598 се средношколци.

Од нив само 6 основци биле позитивни на Ковид 19, а 1317 ученици биле негативни на тестот.

Од министерството за здравство информираат дека во моментов во РСМ, 885 деца на возраст од 0-17 години, се активни, а 15 се позитивни на Ковид 19. На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9-16 години. Еден пациент е на кислородна поддршка, а сите останати се со лесна клиничка слика. Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.

Според податоците од националниот систем Мој Термин, досега во земјата 5.800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза вакцина за Ковид 19, а ревакцинирани се 4860 малолетници.

Воедно и од ИЈЗ информираа дека  минатата недела најмногу вирусот се ширел кај населението од 20 до 29 години.

За само една недела во земјава починаа девојчиња на возраст од 16 и 17 години, по компликации од ковид 19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 204.416, бројот на оздравени пациенти е 189.947, на починати е 7.194, а бројот на активни случаи изнесува 7.275.

Слични содржини