Витаминска салата со авокадо и јаболко

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 1 авокадо

– 1 црвен кромид

– 2 јајца

– 1 кисело јаболко

– главица зелена салата

– конзерва туна

– црвена пиперка

– неколку црни маслинки

Дресинг:

– сол, сок од половина лимон, маслиново масло (30 ml)

Подготовка:

Сварете ги јајцата. За тоа време ситно исецкајте ја зелената салата. Исечете го кромидот на полумесечини и изгмечете го со малку сол за да се испуштат соковите.

Црвената пиперка исечкајте ја на стапчиња, а авокадото на два дела. Со помош на лажица се вади од кора и се сече на коцки.

Извадете ги семките од јаболкото (измиени, но не излупени) и исто така исечете ги на парчиња. Измешајте сè во сад за салата, додадете излупени и исечени јајца, исцедена конзерва туна и измешајте.

Прелијте ја салатата со прелив од сол, лимон и маслиново масло. Ако јаболкото е кисело, ставете помалку сок од лимон.

Слични содржини