Вкусна гурманска пита со шунка и сланина

од Elena Daskalova

Пројата е пченкарна пита која е секогаш одличен избор за појадок или вечера и што е подеднакво вкусна и топла и ладна.

Потребни состојки:

2 јајца
100 гр сирење
100 гр сецкана шунка
100 гр сецкана сланина
200 гр кисела павлака
150 гр пченкарно брашно
Половина пакетче прашок за пециво
10 гр квасец
100 мл кисела вода
50 мл маслиново масло
Сол

Подготовка:

Изматете ги јајцата, додадете ги сирењето, шунката, сланината, а потоа и брашното, прашокот за пециво, стопениот квасец, маслото, водата и солта.

Мешајте добро додека да се изедначи смесата и печете 40 минути на 250 степени, во претходно намастено и набрашнето тавче.

Слични содржини