172
Македонската влада упати порака по повод годишнината од геноцидот во Сребреница.
-На 27 годишнината од злосторството против човештвото врз цивилното население во Сребреница во 1995 година, не смее никогаш да се заборави и треба да биде потсетник за слободниот и демократски свет дека бдеењето врз човештвото не смее да престане ни во еден миг.
Северна Македонија, како дел од семејството европски народи, се придружи кон апелот во Резолуцијата на Европскиот Парламент од 15 јануари 2009 година која вели – „ваквите ужасни злосторства никогаш да не се повторат и 11 јули да се прогласи за Ден за комеморација и за најсилна осуда за геноцидот во Сребреница“, стои во објавата на Владата.