Влада со препорака: Надзорниот одбор на МИА да го реизбере Антоновски за директор

Владата на денешната седница донесе заклучок да му препорача на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција”, да ги реизбере Драган Антоновски за претседател на Управниот одбор и за генерален директор и Хаљит Ајдини за член на Управниот одбор и за заменик на генералниот директор.

Владата исто така го прифати предлогот на Комисијата за именување, за членови на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција” да бидат избрани Александра Мицоска-Митевска, Лилјана Капевска, Мери Илиќ, Ардиан Исеини и Татјана Поповска. 

Слични содржини